Четири НБА екипи вечерва направија голема размена на играчи.

Во размената учествуваа Сакраменто Кингс, ЛА Клиперс, Милвуки Бакс и Детроит Пистонс, а беа разменети седум играчи.

Главното име во трејдот е шпанскиот кошаркар Серж Ибака кој го напушти ЛА Клиперс и кариерата ја продолжува во Милвоки Бакс.

Покрај Ибака,Бакс добија и пари и два идни пика во втората рунда на драфтот.

Клиперси во замена ги добија Родни Худ и Сами Ојеле, Сакраменто Кингс Донте ДиВинченцо, Треј Лајлс и Џош Џексон.

Детроит Пистонс во оваа зделка го доби Марвин Бегли Џуниор.

Денеска завршува преодниот рок во НБА лигата.