По воведната прва четвртина, каде што резултатот речиси постојано беше израмнет, Берое влезе во одличен ритам и стигна до посакуваните +11 (44-33), меѓутоа нивната радост не траеше долго затоа што ТФТ до паузата намали на 41-46.
Бугарскиот тим имаше предност од пет поени и по третата четвртина, но нивното водство почна полека да се топи и ТФТ ги презема работите под своја контрола, а со серијата од 7-0 во завршницата стигна до убедливи 91-83, по што до крај одигра сигурно и славеше со 95-88.
Најдобар во македонската екипа беше Ландриус Хортон со 27 поени и шест скокови, додека Амир Смит постигна 18 поени. На спротивната страна најдобар беше Александар Георгиев кој даде 25 поени.