Кошаркарите на Црвена звезда се изборија за одлучувачки петти натпревар во финалната серија во АБА-лигата, откако го совладаа Партизан со 68:56 во четвриот меч.
Црвено-белите ја искористија предноста на домашниот терен, ги добија двата натпревари во салата „Александар Николиќ“ и ја анулираа предноста на Партизан од првите два меча.
Партизан по вторпат сезонава во плејоф-серија има предност од 2-0 во победи, но ќе игра мајсторка. Претходно во четвртфиналето од плејофот во Евролигата, црно-белите водеа со 2-0 во победи против Реал Мадрид, но ги загубија следните три меча, а Кралевите потоа и триумфираа во елитното натпреварување.
Црвено-белите одиграа одлично во првата четвртина, со серија од 14-1 првите десет минути ги решија во своја корист со 20:13. Партизан успеа да израмни на стартот од втората четвртина, но тоа беше се што направија гостинските кошаркари.
Звезда прво со серија 7:0 на одмор замина со 32:24, а во третата четвртина ги реши дилемите околу победникот. По поените на Добриќ, за првпат дојде до двоцифрена предност (37:26), а по поените на Мартин во 37-та минута, предноста се искачи на плус 15 (47:32). Во последната четвртина, Партизан дојде до минус пет, но Црвено-белите благодарение на одличниот Факундо Кампацо ја вратија двоцифрената предност и на крајот славеа со 68:56.
Кампацо со 21 и Добриќ со 14 поени без најдобри кај Црвена звезда, додека кај Партизан единствено Ексум постигна двоцифрен број на поени – 12.
Одлучувачкиот петти натпревар кој ќе го даде шампионот во АБА-лигата ќе се игра за два дена во арената „Штарк“, каде Партизан ќе ја има улогата на домаќин.