Манчестер Јунајтед влегува во трка за потпис на фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рајс за кого нудат пари плус фудбалер по нивни избор.

„Црвените ѓаволи“ не се подготвени да платат околу 100 милиони евра колку што бараат „чеканите“, но се подготвени да се откажат од Хари Мегваер или Скот Мектоминај на што би доплатиле и одредена сума во кеш.

Заинтересиран за репрезентативецот Рајс е и тимот на Арсенал, чија понуда од 75 милиони фунти беше одбиена од Вест Хем.