Кога сите очекуваа крај и победа на Бугарија, пристигна фантастичниот гол на Лазовиќ.
Фудбалерот на Вероја постигна спектакуларен гол и израмни на 1:1, потег со кој предизвика големо славје кај своите соиграчи, но и кај коментаторот на „Арена Спорт“.
Пред овој момент, Бугарија поведе со голот на Десподов на стартот на вториот дел, а на средина од овој период, домаќините ја погодија и гредата и не ја искористија најголемата шанса за решавање на победникот.