Босна и Херцеговина доживеа еден од најсрамните порази во својата фудбалска историја, откако во Зеница се посрамоти против селекцијата на Луксембург.
„Змејовите“ влегоа како апсолутни фаворити за освојување на трите бода на дуелот, но наместо да ја оправдаат истата, им приредија кошмар на навивачите на Босна.
Луксембург пред неколку дена славеше над Лихтенштајн во дуелот на двата аутсајдери, но во дуелот со Босна максимално профитираше од летаргичната игра и аматерските грешки на домаќините.
Босанците направија две трагикомични грешки во првото и второто полувреме и буквално им ги подарија головите на гостите, кои вечерва остварија една од најголемите победи во историјата.
Боргес Санчез ја искористи големата грешка во одбраната уште во 4-та минута, потоа Хаџиахметовиќ не реализира пенал за 1:1, по што следуваше нов шок и нова ужасна грешка на средината на теренот. Тоа го искористи Синани, кој ја погоди празната мрежа на подизлезениот Шехиќ за конечни 0:2.