Каталонскиот гигант Барселона наскоро ќе остане без Осман Дембеле, кој за 50 милиони евра ќе се пресели во ПСЖ, но екипата на Чави Ернандез би можела да остане без уште еден фудбалер.
Шампионот на Шпанија веќе подолго време очекуваше понуда за напаѓачот Феран Торес, кој сака да го продаде за да ангажира поквалитетен напаѓач за идната сезона.
Интерес за Торес покажал англискиот премиерлигаш Астон Вила, која испратила понуда од 20 милиони евра плус 10 во бонуси за потписот на шпанскиот фудбалер.