Екипата на Интер со 4-0 ја демолира Аталанта и ја забележа осмата победа по ред во Серија А.

Фудбалерите на Инзаги одиграа уште еден фантастичен натпревар и забележаа убедлива победа.

Прва на гол се израдува Аталанта, но погодокот на Де Кетеларе беше поништен поради играње со рака.

Во 26. минута Дармијан донесе водство за Интер, а во самиот финиш од првото полувреме погоди и Лаутаро Мартинез за водство на Интер од 2-0.

https://twitter.com/i/status/1762933917626073370
https://twitter.com/i/status/1762939268991705152

По девет минути игра во вториот дел, Лаутаро Мартинез не реализираше пенал, голманот одбрани но одбиената топка дојде до Димарко кој ја смести во мрежата на Аталанта за 3-0.

https://twitter.com/i/status/1762945607256232234

На 15 минути пред крајот, гол даде и Фратези за конечен триумф од 4-0.

По 26 одиграни кола Интер е прв со дури 12 бодови предност пред Јувентус.

https://twitter.com/i/status/1762950031126986888