Уште едно разочарување за навивачите на Пелистер, актуелниот македонски ракометен првак доживеа нов пораз во Лигата на шампионите, овојпат загуби дома од данскиот Алборг со 33-28.
Пелистер е без победа, во 13 натпревари и исто толку порази во Лигата на шампионите оваа сезона. Силниот Алборг ги надигра домашните ракометари во зелени дресови и со триумф си замина од Битола.
Пелистер беше рамноправен противник со Алборг во воведниот дел од дуелот. Беше 10-10 кога противникот почна да се одлепува, на одморот се замина со предност од 17-14 за гостите.
Во вториот дел Алборг ја чуваше предноста, неколкупати стигна и до седум гола разлика, а конечниот резултат гласеше 33-28.
Најефикасен кај Пелистер беше Филип Кузмановски со девет голови, Борзаш постигна шест. Во составот на Алборг, Бјорнсен и Бартхолд постигнаа по пет.
На Пелистер му остана уште еден натпревар од Лигата на шампионите, тоа е гостување кај Колстад идната среда.