Неочекувано РК Вардар, како што пренесува порталот g-sport.mk доби големи засилувања и тоа во името на браќата Њокас. Имено тие си заминаа од Металург, а Вардар беше најбрз и едноставно ги “убеди“ да играат за црвено – црниот дрес. Секако дека Оливие и Кевин Њокас и тоа како ќе го зголемат квалитетот и конкуренцијата во тимот на стратегот Веселин Вујовиќ.
За овој трансфер на браќата Њокас се чека само на официјална потврда од РК Вардар.
Добро е тоа за Вујовиќ што француските ракометари имаат право веднаш да настапат за Вардар.