Ракометарите на Македонија ја постигнаа првата победа на Европското првенство во Германија во последното коло против одличната Швајцарија (29-27), но го доби и младиот Марко Митев, средниот бек кој дефинитивно е играч за иднината.
Долго време на ракометните терени во нашата земја не се појавил ваков ракометен потенцијал. Младиот играч на Алкалоид има само 20 години но правеше буквално сѐ против Швајцарците. Беше вистински мозок на нашата селекција, мотор на ракетен погон, правеше атрактивни влезови, постигнуваше голови од далечина, од шест метри… имаше брзи и луцидни потези, ја разигруваше екипата. Едноставно, нашиот среден бек одигра феноменално, имаше 100 процентен учинок, постигна 5 голови од пет удари а оствари и уште четири асистенции.
Головите на Марко Митев против Швајцарија:
Младиот Марко Митев е дефинитивно играч за иднината, бисер на македонскиот ракомет. По неговите стапки нека тргне и неговиот брат Дамјан Митев, кој исто така е член на ракометниот клуб Алкалоид и важи за голем потенцијал.