Откако Мате Шуњиќ беше позитивен на коронавирус, хрватските проблеми на голманските позиции се засилија и тренерот Хрвоје Хорват мораше да се сврти кон резервните решенија .
По Јаков Гојун, на селекторот Хрвоје Хорват на располагање му се стави уште еден хрватски ракометар кој се прости од репрезентацијата.
Мирко Алиловиќ доаѓа во Будимпешта каде ќе се обиде да и помогне на Хрватска во продолжението на Европското првенство, откако коронавирусот ги зафати голманите,спречувајчи ги за настап Матеј Мандиќ и Мате Шуњиќ.
Мирко брани во Сегед, Будимпешта не е далеку и поради се што се случува околу репрезентацијата реши да се врати од репрезентативната пензија и да му се стави на располагање на селекторот.
Алиловиќ не е единствениот голман кој ја засилува репрезентацијата, тука се и Кристијан Пилиповиќ кој штотуку доби дозвола од ЕХФ за промена на репрезентацијата и Доминик Кузмановиќ.
Инаку, една мака никогаш не поминува сама, па не само Мате Шуњиќ беше позитивен на коронавирус на денешниот тест, туку и пикерот Никола Граховац.