Норвешките ракометарки се светски шампионки.
Ракометарките на Норвешка ја совладаа Франција во финалето на Светското првенство по голем пресврт.
Норвежаните славеа против олимписките шампионки со 29:22 (12:16).
Французинките уште на стартот го наметнаа својот ритам, брзо стигнаа до три гола предност, а водеа и со шест гола разлика.
Се чинеше дека олимписките шампионки лесно ќе стигнат до светската титула, но Норвешка одигра фантастично второ полувреме.
Во вториот дел победија со 17:6 и на неверојатен начин стигнаа до пресврт и до светска титула.
Норвежанките до победата ги предводеа Реистад со шест и со по пет гола – Морк и Дејл.
Кај Французинките се истакнаа Пино со четири и Фопа со три гола.