Риоју Кобајаши стигна до третата победа сезонава, а вкупно 22 во кариерата до која дојде со скокови од 132,5 и 136,5 метри и со вкупно 306 освоени поени.
Второто место му припадна на вчерашниот победник, германскиот натпреварувач Карл Гајгер, кој прескокна 135 и 131,5 метри (293,8 поени), додека трет заврши Норвежанецот Мариус Линдвик (133 и 138,5 метри, или 293,5 поени).
Водејќи по првата серија домашниот натпреварувач Килијан Пајер заврши на четвртото место (293,1 поен).
Ова беше последното натпреварување пред почетокот на традиционалната новогодишна турнеја на Четири скокалници, која започнува на 29 декември во Оберстдорф, Германија.