Заврши возбудливата трка во францускиот Вал Дизер во Светскиот куп во слалом .
Славеше Французинот Клемен Ноел, пред Швеѓанецот Кристофер Јакобсен, додека трет беше Хрватот Филип Зубчиќ и тоа е резултат на неговата кариера.
Досега најдобар пласман му беше петтото место во Загреб минатата сезона.
Тој направи голем подвиг, со кој стана првиот хрватски скијач во слалом на подиумот по Ивица Костелиќ, со тоа што беше шести во првото возење, а потоа се подобри во второто и дури во еден момент водеше.
Зад Ноел заврши Кристофер Јакобсен од Шведска со заостанување 0д 1.40 зад победникот , додека Зубчиќ како трет заостана 1.85 .
Следуваа Даниел Јуле од Швајцарија, Дејв Ридинг од Британија, Себастијан Фос-Солеваг од Норвешка, Белгиецот Арман Маршанд .
Во генералниот пласман води Марко Одермат со 446 бодови, Матијас Мајер има 310, Александар Килде 229, додека Зубчиќ е само 13-ти со 96.
Резултати (слалом):
1.Клемент Ноел (Фра) 1: 30,52
2.Кристофер Јакобсен (Швеѓанец) +1,40
3. Филип Зубчиќ (Кро) +1,85
4.Даниел Јуле (Швајцарија) +1,89
5.Дејв Рајдинг (Велика Британија) +1,90