Норвешкиот натпреварувач Мариус Линдвик ја освои титулата светски шампион во скијачки летови во Викерсунд.
Линдвик победи со освоени 854,2 поени, со летови од 232,5 метри, 226,5, 230 и 224,5 метри.
Норвежанецот минатиот месец освои златен олимписки медал во скијачки скокови на Игрите во Пекинг на големата скокалница.
Словенечкиот натпреварувач Тими Зајц го освои второто место со летови од 242,5 метри, 218, 243,5 и 235,5 метри, со вкупно 844,3 поени.
Австриецот Стефан Крафт беше трет со 837,5 поени со летови од 225,5, 230, 227 и 213 метри.
Четвртото, петтото и шестото место го зазедоа словенечките натпреварувачи – Петер Превц (808,2 поени), Анже Ланишек (806,1) и Домен Превц (802,2).