Микаела Шифрин со фантастично второ возење победи на слаломот во Шладминг.
Победата од ноќниот слалом во австриски Шладминг ја однесе Микаела Шифрин, која ова прво место го дочека многу емотивно по се што и се случи минатата година. Таа славеше со најдоброто второ возење и зад себе ја остави најдобрата слаломска скијачка во светот Петра Влхова за 15 стотинки.
Влхова овојпат не победи, но барем беше втора, што сепак е нејзиниот најлош пласман сезонава во оваа дисциплина. Влхова и натаму има убедливо водство во поредокот за слалом .
Фантастичен резултат оствари Леона Поповиќ од Хрватска , која го освои шестото место, што е најдобар резултата во нејзината кариера. Ова е најдобриот резултат за хрватското женско скијање во Светскиот куп од 2009 година, кога Ана Јелушиќ беше деветта.
Слалом Шладминг:
1. Микаела Шифрин (САД) 1: 32,66
2. Петра Влхова (Словачка) +0,15
3. Лена Дуер (Германија) +0,93
4. Камил Раст (Швајцарија) +1,05
4. Кјара Маир (Австрија) +1,05
6. Леона Поповиќ (Хрватска) +1,37
7. Мина Фуерст Холтман (Норвешка) +1,50
8. Лоренс Св. Жермен (Канада) +1,51
9. Амелија Смарт (Канада) +1,68
10. Марија Тереза Твиберг (Норвешка) +1,72