Фудбалерите на актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид отпатуваа за Ријад каде ќе се обидат да го освојат шпанскиот Суперкуп. Дефанзивецот Стефан Савиќ и напаѓачот Антоан Гризман се повредени и не се на списокот на патници за Саудиска Арабија.
Тренерот Диего Симеоне се надеваше дека барем Французинот ќе му биде на располагање во борбата за трофејот. Сепак, тој не е доволно подготвен и ќе отсуствува до крајот на месецот, а патем беше во изолација и поради коронавирусот.
Се очекува тандемот Суарез – Кореа да го предводи нападот на Симеоне.
Атлетико Мадрид в четврток од 20 часот во полуфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.