Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски вечерва дебитира за Фенербахче, откако се најде во стартниот тим на Жорге Жесус, после повеќе од две недели откако дојде на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли во истанбулскиот великан.
Алиоски вчера првпат влезе во комбинација за настап на мечот, а Жесус му дава доверба од почеток на гостувањето кај Австрија Виена во првата пресметка од двомечот во плејофот за пласман во групите во Лига Европа.
https://twitter.com/Fenerbahce/status/1560325913023315968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1560325913023315968%7Ctwgr%5E507f00eb4f89879a0d5f60e65d4a53aa58fd7ca0%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Falioski-debitira-vo-viena-starter-za-fenerbahche-vo-bitkata-za-liga-evropa-foto