Фудбалерите на Макаби Хаифа го совладаа Јувентус со 2:0 во 4. коло од групата Х во Лигата на шампионите.

Домашниот тим уште на стартот изгледаше посериозно, што само го потврдија двата гола на Ацили во првото полувреме.

Избраниците на Масимилијано Алегри уште од првата минута на теренот оставија впечаток на комплетни аутсајдери.

Иницијативата на зелено-белиот тим беше крунисана со голот на Ацили во седмата минута, а истиот играч 35 минути подоцна ја удвои предноста.

Стратегот на италијанскиот гигант ги фрли сите карти во нападот, го внесе Костиќ, но ништо не му помогна на неговиот тим.

Клубот од Хаифа ги одби сите напади на „старата дама“, го сочува водството и оствари заслужен триумф.

Работите да бидат уште полоши за Јувентус, Ди Марија на почетокот на натпреварот заработи повреда на тетивата, поради што мораше да ја напушти играта.

Напаѓачкото дуо „Влаховиќ – Милик“ не остави добар впечаток, како и остатокот од гостинската екипа.

Како што стојат работите, деновите на Масимилијано Алегри на клупата на Бјанконерите се избројани.

https://www.youtube.com/watch?v=4Th-esq6xWI