Атлетик Билбао врзa две победи во домашниот шампионат, во коло во кое директните ривали за ЛШ ќе се сретнат меѓу себе. Во последниот натпревар од 29. коло во Примера, Баскијците одиграа на ниво пред својата публика и со сигурни 2-0 го совладаа составот на Алавес.

Со трите бодови четата на Валверде го прескокна Атлетико Мадрид на табелата, застана на четвртата позиција и се доближи на четири бода до Барселона, која што в недела го игра големото дерби токму со тимот на Диего Симеоне.

На „Сан Мамеш“ домашните фудбалери победа ја обезбедија уште во првите 45 минути, во кои главна улога имаше Горка Гурузета, кој беше стрелец на двата гола за Атлетик, а треба да се напомене дека натпреварот ќе имаше друга насока доколку Риоха при 0-0 погодеше од белата точка за гостите.

 

Во следното коло Атлетик Билбао е пред вистински предизвик и оди на дуел со лидерот Реал Мадрид, додека Алавес на свој терен ќе го пречека Реал Сосиедад.