„Кристијано Роналдо и се нуди на Барселона бидејќи е револтиран од ситуацијата во Манчестер Јунајтед. Контактирал со Чави преку Жерар Пике. Суперагентот Жорге Мендеш веќе започнал преговори со претседателот на Барса, Хуан Лапорта“.
Ова го пишува каталонскиот Мундо Депортиво и додава: „Пике го контактирал Лео Меси и го прашал дали Роналдо може да живее во неговата куќа додека игра за Барселона“.
Останатите шпански медиуми го отворија утрото со дополнителна сензација: Меси по само четири месеци минати во ПСЖ се враќа во Барселона, каде ќе го формира најдобриот дует досега со својот најголем ривал.
Сепак, нема ништо од сите овие ексклузиви, бидејќи 28 декември во Шпанија е како што е 1 април за остатокот од светот. Денот на кој се пласираат лажни вести и шеги, Шпанците го нарекуваат Дија де лос Иноцентес или Ден на невините, односно наивните да веруваат во неверници како оние со кои денес ги измамиле читателите.