Поранешниот фудбалер на Барселона и помлад брат на Тиаго Алкантара, Рафиња се врати во Ла Лига. Тој беше испратен од ПСЖ на позајмица во Реал Сосиедад .
Бразилско-шпанскиот фудбалер Рафиња Алкантара остатокот од оваа сезона ќе го помине на позајмица од Пари Сен Жермен во францускиот Реал Сосиедад.
28-годишниот Рафиња, кој во текот на кариерата беше член и на Барселона и на милански Интер, во француската престолнина пристигна во октомври минатата година, но оваа сезона забележа само пет настапи.
Кариерата ја започна во младинскиот погон на Барселона, како и неговиот постар брат Тиаго Алкантара, а од Барселона замина на позајмица во Селта и Интер. По последната во Селта беше продаден во ПСЖ каде испадна од ротацијата.