Српскиот голман на Севиља, Марко Дмитровиќ повторно беше мета на хулигани, овојпат настрада во Истанбул на мечот против Фенербахче.
Севиља ја задржа предноста од 2-0 која ја имаше по првиот натпревар, Фенербахче го доби натпреварот со 1-0, но тоа беше пирова победа.
Натпреварот беше многу тензичен во жешка атмосфера, а најдебелиот крај го извлече српскиот голман Дмитровиќ кој со тврд предмет беше погоден во глава.
Главата на Србинот беше крвава, па мораше да влезат клупските доктори и да го сошијат на теренот. Тој храбро стисна заби и остана до крај на натпреварот.