Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси заедно со неговите колеги беше пречекан од огромен број луѓе во Буенос Аирес, по што реши да го посети својот роден град, Росарио.

По спектакуларниот пречек пред пет милиони луѓе во Буенос Аирес, најдобриот фудбалер на Светското првенство во Катар пристигна во својот роден град.

А пред неговата куќа – делириум.

Илјадници навивачи се собраа да го поздрават аргентинскиот херој и човекот кој ја одведе репрезентацијата на оваа земја до третата светска шампионска титула на која се чекаше од 1986 година.