Србинот Никола Јокиќ со уште еден одличен настап му помогна на Денвер нагетс да стигне до 19-та победа оваа сезона во НБА-лигата, откако синоќа неговиот тим беше подобар од Мемфис со 105-91.

Јокиќ стигна до 82. трипл-дабл во кариерата откако постигна 13 поени, 13 скокови и 13 асистенции и ќе го памети мечот по една одлична асистенција додека најефикасен беше Ерон Гордон со 24 поени, седум скокови и четири асистенции.

 

Актуелниот НБА првак доживеа тежок пораз против Њујорк од 132-94. Без Стеф Кари во составот Голден Стејт изгледа поинаку.