По вчерашната „стотка“ над Холандија, избраниците на Пешиќ денеска играа со еден од домаќините, односно успеаја да триумфираат над Чешка среде Прага.
Србија е неколку класи поквалитетна репрезентација од Чешка и тоа го демонстрираше во првото полувреме по кое си создаде предност од 18 поени, разлика која беше прекомотна за да се влезе во мирна завршница.
Иако калкулираа во вториот дел, Србите победија рутински со 81:68 и го остварија она по кое дојдоа, па сега во третото коло против Финска влегуваат со перфектен учинок.
На претходните мечеви кои се играа денеска, Германија ја победи Босна со 92:82, Црна Гора беше поуспешна од Белгија со 76:70, Турција ја надигра Бугарија со 101:87, додека Хрватска славеше 86:65 против Велика Британија.