Во драматичен меч, изненадувачка победа оствари литванскиот Жалгирис среде Белград. Литванците успеаја да триумфираат во ефикасен натпревар против Црвена Звезда (91-93). . Во „Штарк Арената“ се случуваше голема драма до самиот крај, но гостинот го издржа налетот на домашните и на крај триумфира. Ова веројатно е крај на надежите дека Црвена Звезда за плеј-офот, бидејќи српскиот шампион падна на 16. место од Евролигата. Драматичниот дуел беше решен во пенал-завршница, а клучен момент беше една недосудена одлука на арбитрите на десетина секунди пред крајот.
Впечаток е дека кошаркарот на Жалгирис, Канан Еванс газеше линија на задно поле при една од последните акции на неговиот тим во ситуација кога Литванците водеа со два поена разлика. Судиите не се огласија, следуваше лична грешка врз Димша кој беше прецизен од линијата за слободни фрлања и ги уништи сите надежи на Црвена Звезда.
Звезда немаше многу адути за победа, не играа Теодосиќ и Лазиќ, а на ниво беа само Јаго дос Сантос и Лука Митровиќ. На периоди знаеше да блесне и Недовиќ, но недоволно за да ја понесе екипата. Јаго Дос Сантос го заврши мечот со 21 поен и 14 скока за Звезда, додека Еванс го предводеше Жалгирис со 25 поени, вклучувајќи пет тројки.
Ова беше трета победа по ред за Жалгирис и со тоа ја помина Црвена Звезда на табелата, а се израмни со Олимпија Милано, Баерн и Анадолу Ефес.