Актуелниот шпански првак Барселона би можела да се откаже од услугите на Френки Де Јонг доколку пристигне бомбастична понуда, а очигледно тоа би можело да се случи следното лето.
За услугите на талентираниот фудбалер се заинтереисрани Челзи, Манчестер јунајтед и ПСЖ, а „сините“ се подготвени да испратат понуда од 117 милиони евра.
Де Јонг оваа сезона настапи на 22 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна само еден гол за каталонскиот гигант.