Фудбалската федерација на Турција ја поднесе својата кандидатура до Европската фудбалска организација (УЕФА) за Европското првенство во 2028 година, јавува Anadolu Agency.
Кандидатурата за Европското првенство во 2028 година заеднички ја поднесоа Велика Британија и Ирска, односно фудбалските федерации на Англија, Северна Ирска, Шкотска, Велс и Република Ирска.
„ТФФ поднесе официјална апликација за кандидатурата на УЕФА за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 година. УЕФА ќе донесе одлука за домаќин на ЕВРО 2028 по оценка на барањата на земјите кандидати во наредниот период“, се наведува во соопштението.
Крајниот рок за пријавување е 25 март, а ниту една друга земја досега официјално не го потврдила својот интерес да биде домаќин на ЕУРО 2028 година.
Конечната одлука за местото на одржување на турнирот ќе биде донесена во септември 2023 година.