Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси денеска одговори на жестокото обвинување од Црвена Звезда, клуб кој го посочи како главен виновник за форсирањето на ривалот Партизан од страна на националниот сојуз.
– Мачно ми е да пронајдам вистински зборови за да опишам колку бев шокиран кога ги прочитав обвинувањата, невистините и нискобуџетните лаги за себе.
– Не е првпат Звездан Терзиќ да зборува на таков начин за мене, иако претходно го игнорирав и бев концентриран на обврските кон националниот тим.
– Овој пат ја помина линијата и ме стави во позиција да немам избор, односно да морам да ги заштитам честа и угледот на суд. Не сакам да трпам навреди и клевети, па моите адвокати ќе испратат тужба за Терзиќ. Мислев дека ќе имаме мирен период во пресрет на подготовките за мундијалот, но очигледно ќе треба да се занимавам и со вакви работи, – изјавил Стојковиќ кој е поранешен играч и легенда на Црвена Звезда.