Евролигата на својата интернет страница објави дека официјално започна продажбата на билетите за завршниот турнир.
Белград, главниот град на Србија, ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата, популарниот „Фајнал Фор“, каде четирите најдобри екипи ќе одлучуваат кој е шампион.
Променети се и термините за финалето во елитното натпреварување: во четврток на 19 мај на програмата се полуфиналните натпревари (18 и 21 часот), во сабота во 16 часот е натпреварот за третото место, а од 19 часот е големото финале.
Според сајтот на Евролигата, продажбата на билетите ќе започне на 14 март, а цените се движат од 13.000 до 65.000 динари.
Последен пат Белград беше домаќин во 2017 година, кога Реал Мадрид го победи Фенербахче и стана европски шампион .