Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со тој фудбалски клуб до 2024 година, објавија италијанските медиуми.
Како што објави Газета дело Спорт, Инзаги ќе го продолжи договорот до 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој летово потпиша двегодишен договор со тимот на Милан, но го убеди сопственикот Стивен Жанг да му понуди нови услови со добрите резултати.
Инзаги ќе добие покачување, па наместо 4,5 милиони евра годишно, според новиот договор ќе заработува пет милиони евра годишно и дополнителни бонуси.
Според „Газета“, Жанг има многу добри односи со Инзаги и го цени сето она што поранешниот напаѓач го направи на теренот и надвор од него во првите неколку месеци откако дојде во клубот.
Жанг со тимот пристигна во Ливерпул, каде италијанскиот шампион вечерва од 21 часот го игра реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Во првиот дуел во Италија, Ливерпул победи со 2-0.
Интер ги постигна првите две цели сезонава – италијанскиот Суперкуп и пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите, првпат по 10 години.
Интер моментално е втор на табелата во Серија А со два бода помалку од водечкиот Милан,но и со натпревар помалку.