Гибралтар за пола час го загуби мечот со Грузијците по блесокот на првата ѕвезда Квича Кваратшкелија, а потоа дури во завршните две минути од мечот прими два гола за убедливите 0-4 на крајот. И Рибас посочи дека Гибралтар и не одиграл така лошо, па сета концентрација сега му е за мечот со Македонија.
„Излезе интересен меч со Грузијците, тие одиграа одлично и бидејќи и претходно имаме играно со нив, знаев дека ќе биде тешко. Без оглед што загубивме и не сум задоволен со резултатот, задоволен сум како одигравме еден интересен меч, зашто не бевме до толку лоши. Дури и подобро изгледавме во вториот дел. Македонија ни е следен противник и сега само за тој меч сум фокусиран. Знам колку Македонија е силна, но многу поразлична од Грузија. За Македонија ќе мора да се подготвиме за еден поинаков меч, како тактички, така и физички. Македонија игра поинаку, многу поконстантно“, рече Рибас.