Партизановци одиграа рекордно полувреме во кое решија сѐ, зашто постигнаа дури 68 поени во првите две четвртини со извонредна реализација 19 погодени шутеви од 25 обиди за два поени, седум од десет за три поени и максимална прецизност од слободни фрлања (девет од девет), па на паузата имаа 25 поени разлика по што само прашање со колкава разлика ќе заврши мечот во корист на црно-белите.
Црно-белите во второто полувреме дојдоа и до 30 разлика (79-49), а во првиот дел од последната четвртина и до најголемите плус 34 (103-69, па 107-73), по што Партизан во финишот се опушти, а и целото второ полувреме рутински го играше и црвено-белите само го ублажија дебаклот за да не загубат со над 30 разлика (112-84)
Аврамовиќ со 24 поени беше предводник од кои 17 ги даде во првото полувреме, Лесорт погоди 19 поени, Мадар додаде 12, а Смаилагиќ и Мур имаа по 11 поени, а и сите кошаркари на Жељко Обрадовиќ дадоа поени на мечот.
Кај идиспонираната Ц. Звезда, Холинс погоди 19 поени, Добриќ имаше 16, а уште само Марковиќ беше двоцифрен со 11 поени.