Кошаркарите на Партизан претрпеа убедлив пораз на вечерашното гостување кај Лиеткабелис (78-93) во меч од Еврокупот, но и покрај тоа останаа на втората позиција во групата А со речиси обезбеден пласман во следната фаза.
По натпреварот, главна приказна, сепак, не беше неуспехот на фаворизираните црно-бели туку зборовите кои нивниот тренер, легендарниот Жељко Обрадовиќ, ги кажа на прес-конференцијата, а кои се однесуваа на војната во Украина, но и споредбата со случувањата во Србија во 1999 година.
„Вакво нешто не се случува првпат. Имам 62 години и памтам многу работи. Не можам да се сетам дека луѓето зборуваа вака во минатото. Мојата држава беше бомбардирана во 1999 година, но не видов дека тие што сега плачат говореа идентично и тогаш. Па вакви работи има и во Ирак, Сирија, Авганистан, но сите зборуваат само за војната во Украина. Секако дека сум против секаква војна, страшно е да погине макар и еден човек во било која војна“, изјави Обрадовиќ.