Синоќа Никола Јокиќ со својот тим Денвер гостуваа кај Мајами.
Србинот на загревањето беше пречекан со свирежи, а незадоволството продолжи во текот на целиот меч, но тоа не го спречи да постигне 24 поени, со 15 скока и седум асистенции.
Незадоволството од публиката беше резултат на конфликтот меѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис од Мајами во претходниот дуел на овие екипи. МВП-то бесен поради груб фаул го нападна крилниот центар на тимот од Флорида, по што за малку ќе дојдеше до физичка пресметка.
Јокиќ на прес-конференција по натпреварот потврди дека очекувал такво нешто. Тој се насмеа на прашањето како ја доживеа атмосферата во Мајами.
„Играв во Србија, брат, би сакал да почувствуваш како е да се игра таму“, изјави асот на Денвер.
https://twitter.com/5ReasonsSports/status/1465526321782697988?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1465526321782697988%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mozzartsport.com%2Fkosarka%2Fvesti%2Fjokic-jaci-od-pretnji-i-zvizduka-voleo-bih-da-osetite-kako-je-igrati-u-srbiji-video%2F405598