Леброн Џејмс утринава постигна 38 поени за Лос Анџелес лејкерс во поразот од 127-119 на гостувањето кај Вашингтон во рамки на НБА-лигата.

Ѕвездата на Лејкерс сега е втор на вечната листа на најдобри поентери во лигата со 36.937 поени, бидејќи успеа да го мине Карл Мелоун. На првото место и натаму е Карим Абдул-Џабар, кој има 38.387 поени.

Лејкерс утринава испуштија водство од 16 поени на гостувањето во главниот град во САД по слабата последна четвртина. Кристапс Порцингис со 27 поени беше најдобар во редовите на Визардс.

 

Лука Дончиќ постигна 37 поени, но Далас загуби убедливо на гостувањето кај Шарлот со 129-108. Шампионот Милвоки без Јанис Адетокумпо во ростерот беше немоќен на гостувањето кај Минесота и запиша пораз од 138-119.

Кливленд пред своите гледачи го победи Детроит со 113-109.