Џејсон Тејтум и Џејлен Браун постигнаа по 30 поени во победата на Бостон од 124-104 на гостувањето кај Денвер во рамки на НБА-лигата.

Никола Јокиќ имаше 23 поени за Нагетс, но актуелниот МВП на лигата имаше очајна шутерска вечер со само осум погодени шутеви од поле од 23 обиди. Ниту останатите играчи на домашниот тим не беа расположени, па Селтикс запишаа висока победа.

 

Торонто ја запиша шестата победа по ред на гостински терен откако славеше кај Филаделфија со 93-88. Паскал Сијакам со 26 поени и 10 скока ги предводеше Репторс против фаворизираниот ривал. За Сиксерс Жоел Ембид имаше 21 поен со 13 скока, а Џејмс Харден реализираше 17 поени.

 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Хјустон – Мемфис 98-122
Индијана – Портланд 129-98
Атланта – Њу Орлеанс 112-117
Орландо – Оклахома 90-85
Сакраменто – Феникс 124-127 (продолженија)
Њујорк – Јута 93-108
Голден Стејт – Сан Антонио 108-110