Леброн Џејмс и Кевин Дурант ќе бидат капитени на тимот кој на 20 февруари во Кливленд ќе го одигра Ол-стар натпреварот. Двајцата заработија најмногу гласови од навивачите на НБА лигата на нивните конференции, објави Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Од воведувањето на новиот систем за играње Ол-стар, Леброн Џејмс беше капитен во сите пет наврати, додека Дурент ја заслужи таа чест втора година по ред.

За Џејмс ова е 18-ти пат да биде избран во Ол-стар тимот, израмнувајќи го со Коби Брајант на второто место на листата на играчи со најмногу избори. Пред него е само Карим Абдул-Џабар, кој 19 пати е селектиран во Ол-стар тимот. Заедно со Џејмс, честа да го започнат натпреварот во Кливленд од клубовите од Западната конференција ја заслужија Стивен Кари, Ендрју Вигинс (Голден Стејт Вориорс), Џа Морант (Мемфис Гризлис) и минатогодишниот најдобар играч во лигата Никола Јокиќ (Денвер Нагетс).

Во првата петорка нема место Лука Дончиќ од Далас. Тој беше трет по гласовите на навивачите, четврти по гласовите на играчите (повеќе добија Кари, Морант и Девин Букер), но не доби поени од новинарите учесници во гласањето.

На истокот, заедно со Дурент, кој по 12-ти пат беше избран во Ол-стар тимот, Демар Дерозан (Чикаго Булс), Тре Јанг (Атланта Хокс), Џоел Ембиид (Филаделфија 76ерс) и најдобриот НБА играч минатата година Џанис Антетокунмпо (Милвоки Бакс).

Останатите играчи кои ќе учествуваат на Ол-стар натпреварот ќе бидат избрани од тренерите на тимот, што ќе биде објавено следниот четврток. Овој формат на селекција на Ол-стар тим првпат беше применет во 2018 година.