Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (35) се пласираше во финалето на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија опен откако во полуфиналето го победи Италијанецот Матео Беретини со 6:3, 6:2, 3:6, 6:3.
Шпанецот ќе се бори за рекордната 21. Грен слем титула во кариерата против победникот од мечот меѓу Русинот Даниил Медведев и Гркот Стефанос Циципас. Надал досега во кариерата има освоено 20 грен слем титули – 13 пати победи на Ролан Гарос, четири пати на УС Опен, двапати на Вимблдон и еднаш во Австралија. По победата против Беретини, Надал се расплака.