На површина испливаа документите кои ги достави првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Сега Србинот е под обвинение дека лажел во документите, односно дека никаде не патувал 14 дена пред да влезе во Австралија.

Документот од кој се гледа дека Ѓоковиќ го „штиклирал“ негативниот одговор го објави американскиот новинар Бен Ротенберг.

Се шпекулира дека Новак се подготвувал во Марбела, Шпанија, пред да пристигне во Мелбурн, каде е доведен во прашање неговиот настап на Австралија опен, без разлика што Судот ја прифати неговата жалба и што почна да тренира.

https://twitter.com/BenRothenberg/status/1480694577715576833?s=20

Доколку се докаже дека имало неправилности, односно дека Новак лажел може да биде депортиран, па дури и да добие неколкугодишна забрана за влез во Австралија.

Сега нешто такво се истражува и последниот збор ќе го даде министерот за имиграција Алекс Хок.

На денешен ден се знае дека ваквата одлука е одложена.

https://twitter.com/paulsakkal/status/1480753815104081921?s=20