Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски во последните часови повторно се поврзува со можен трансфер во каталонскиот гигант Барселона. Сепак, голманот на Рајо Ваљекано засега ги демантира шпекулациите.

„Фокусиран сум на наредните натпревари во оваа сезона. Тоа е она што ме интересира. Нормално е да слушам вакво нешто, но не дозволувам да ми го одвлече вниманието. Јас немам никакви информации за трансфер во Барселона. Сериозен сум и смирен. Сите сакаме да играме во голем тим, но мојот фокус е да работам напорно секој ден“, изјави Димитриевски.

Од Шпанија доаѓа информација дека Рајо Ваљекано нема намера да го продаде Димитриевски. Доколку Барселона сака да го купи ќе мора да активита отштетната клаузула од 6 милиони евра.