Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде ослабена на гостувањето во Рим против Италија затоа што напаѓачот Александар Трајковски отпадна од конкуренција.
Трајковски се повреди во дресот на Хајдук Сплит, односно има скинато мускулно влакно и ќе го пропушти дуелот во Рим.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра во Рим на 17 ноември од 20.45 часот.