Борусија Дортмунд повеќе од една деценија, немаше победа на „Алијанц арена“, но вечерва успеа да го победи Баерн Минхен со 0-2 и само потврди дека баварскиот тим оваа сезона не е на највисоко ниво. Со тоа и дефинитивно Баерн ги губи шансите за титулата, со оглед дека сега има 13 бода негатива во однос на лидерот Баер Леверкузен.
Карим Адејеми во десеттата минута ја погоди мрежата на Баерн и најави дека „милионерите“ се дојдени по победа. Хари Кејн и Лирој Сане не реализираа од изгледни позиции, па на одмор се замина со минимална предност за гостите.
Во второто полувреме, Џулијан Риерсон зголеми на 0-2 во 83.минута и го потврди триумфот на Борусија Дортмунд.
Кејн постигна гол со глава во финишот но беше поништен по интервенција од ВАР собата.
Сега Борусија Дортмунд има три бода предност пред Лајпциг во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Веројатно овој пораз ќе значи и крај на доминацијата на Баерн Минхен во германскиот шампионат, која што трае единаесет сезони и Бундеслигата конечно ќе има нов шампион.