Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е назначен за нов селектор на Австрија, соопштија од aвстриската федерација.
Германскиот стручњак на австриската клупа ќе го замени Франк Фода, кој ја напушти таа позиција по поразот од Велс (2:1) во баражот за Светското првенство. Рангник (63) две години ќе ја води австриската репрезентација со можност за продолжување на соработката.
Тој до крајот на сезоната ќе биде менаџер на Јунајтед, а на клупата ќе го замени холандскиот стручњак Ерик тен Хаг.
Рангник е третиот странец на кормилото на австриската репрезентација, по Германецот Франк Фода и Швајцарецот Марсел Колер.
Спортскиот директор на Фудбалскиот сојуз на Австрија, Петер Сетел, истакна дека сакал Австриец повторно да биде селектор, но дека се отворила можноста да го доведе Рангник, па одлуката паднала во негова корист.
Доведуваме врвен тренер со респектабилна меѓународна репутација“, изјави Сетел.
Првиот натпревар со Рангник на клупата , Австрија ќе го одигра на 3 јуни во А дивизијата од Лигата на нации на гости против репрезентацијата на Хрватска.