Лука Ромеро фудбалерот на Алмерија, е еден од најмалерозните во шпанското првенство, откако синоќа мораше да биде изваден од игра уште по првото полувреме поради повреда заработена во судир со – соиграч.
Ромеро е играч на Милан, кој минатото лето дојде од Лацио, но кој не се снајде најдобро на „Сан Сиро“, па зимава отиде на позајмица во тимот што се бори за опстанок во Ла Лига, каде што на три меча веќе има постигнато два гола. Тој буквално беше нокаутиран, откако доби удар со копачка по глава од соиграчот Марк Пубил и беше изнесен со носилки и со фиксиран врат, па од теренот директно беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.
Алмерија на гостувањето кај Селта загуби со 0-1 и како последнопласирана е се подалеку од спасот во шпанската елита.
Лука Ромеро направи трансфер од Лацио во Милан изминатиот летен преоден рок, но откако не успеа доволно да се наметне кај тренерот Стефано Пиоли, самиот процени дека е најдобро да направи нов трансфер во јануари.
https://twitter.com/i/status/1763811621711778020