Барселона е во лоша финансиска ситуација па мора да бара алтернативни решенија и да позајмува фудбалери.
Таква е ситуацијата со португаскиот напаѓач Жоао Феликс кој оваа сезона е позајмен од Атлетико Мадрид. Диего Симеоне не смета на него, па Португалецот лани играше во Челзи, а сега е во каталонскиот гигант. Менаџментот и стручниот штаб на Барселона се задоволни од неговите игри и сакаат да го задржат и идната сезона, но финансиските можности не дозволуваат перманентен трансфер.
Атлетико за својот фудбалер бара меѓу 70 и 80 милиони евра што за шпанскиот шампион во моментов е астрономска цифра во моментов. Добро за Барса е тоа што ниеден друг клуб во Европа не е подготвен да плати толку пари и не е исклучено Атлетико да го остави уште една година на позајмица.