Претпоследниот во Примера, екипата на Гранада и приреди нов шок на Барселона. Каталонскиот тим мораше да се спасува од пораз и на крајот стигна до 3-3 против еден од кандидатите за испаѓање од Ла Лига.

Тимот на Чави е во голема криза, а тоа Гранада успеа да го искористи. Повторно одбраната на Барселона не беше на потребното ниво, иако на голот се врати Тер Штеген кој прими дури три гола..

Извонредниот Ламин Јамал во 14.минута донесе водство за Барса, но израмни Рикард Санчез пред крајот на првиот дел со фантастичен удар под пречка.

Пелистри во 60.минута го шокираше домаќинот со гол за водство на Гранада, но Барселона се врати и израмни само три минути подоцна со голот на Роберт Левандовски.

Сепак, Гранада повторно на брзина во контранапад обезбеди предност (2-3) во 66.минута, со голот на Игнаси Мигел.

Во 81.минута, Ламин Јамал израмни на 3-3, но Барса не успеа да стигне до планираниот триумф.

 

 

Барселона е на третата позиција со 51 бод, односно 10 помалку од Реал Мадрид, додека Гранада е претпоследна со 13 бодови.