Тео Ернандез беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 25. минута, кога без проблеми го матира Голини и го постави конечниот резултат (1-0).
Жиру, Леао, Пулишиќ и Лофтус Чик ја сочинуваа офанзивната линија на Милан, но најзаслужен за трите бода на „росонерите“ е сепак левиот бек Тео Хернандез, кој го постигна единствениот погодок на дербито. Секако, голема заслуга за голот на францускиот ас има Леао со својата брилијантна асистенција.
Наполи, иако имаше негатива уште од 25. минута, повторно потфрли со својот настап и ги разочара фановите. Избраниците на Мацари беа безидејни и безопасни, а најдобро за тоа говорат само двата директни удари кон голот на Мањан.
„Росонерите“ имаат 52 бода на третата позиција во Серија А, додека пред нив се Јувентус со 53 и Интер со 60, а Наполи остана на деветтата позиција со 35 бода.